Реванш натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и РБ Лајпциг требаше да се игра на „Енфилд“, но пред неколку дена е одлучено, сепак, неговиот дом да биде Будимпешта, исто како и што беше на првата пресметка која „црвените“ ја добија со резултат 2-0. Но, можеби тоа и не е така лошо за екипата на Јирген Клоп, која својот дом од неосвоива тврдина го претвори во игротека во која секој освен домаќинот може да се радува.