Двапати во период од пет дена, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг ќе ги одмерат силите, додуша во две различни натпреварувања. Судирот во шампионатот ќе биде увертира за финалето на националниот Куп, што ќе биде единствена шанса и за двете екипи да освојат трофеј оваа сезона. Но, прво, тие ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“, каде што „милионерите“ ќе се обидат да ја продолжат серијата победи и да се израмнат со четвртопласираниот Ајнтрахт и третопласираниот Волфсбург и пред крајот на сезоната да ги подобрат своите шанси за завршување во зоната која носи Лига на шмапиони.