Само еден ден по смената на Тедеско, германскиот победник на Купот и учесник во Лигата на шампионите, РБ Лајпциг, пронајде нов шеф на стручниот штаб. Поранешниот соиграч на Николче Новески во Мајнц 04 и тренер на Салцбург, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, Марк Розе е нов предводник на РБ Лајпциг.