Динамо Загреб со стил ја отвори новата сезона и со голеада го испрати градскиот ривал Локомотива од „Максимир“, откако победи со 6-0 во првото коло од ХНЛ. Иако капитенот и македонски репрезентативец, Аријан Адеми остана на клупата, шампионот фуриозно го најави стартот на новата сезона. Во спротивниот табор не беше повикан Џемал Ибиши, кој пред само неколку дена го комплетираше трансферот од Вардар.