Капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, се врати во стројот на хрватските „модри“ по шестнеделна пауза поради операција.
Дарко Велковски го запиша својот деби настап за Ријека, во кој на крајот неговиот тим, во рамките на 22. коло на ХНЛ славеше победа на гостински терен против Рудеш со 2-4 (1-2).
Еден од најстандардните македонски репрезентативци, Аријан Адеми, по пауза од два месеци се врати во првиот состав на Динамо Загреб и одигра важна улога во една од најубедливите победи оваа сезона во хрватскиот шампионат.
Македонскиот интернационалец, Мирко Ивановски е автор на потегот на колото во хрватскиот фудбалски шампионат. Напаѓачот со магична асистенција го најде Мијо Чакташ и го заврши двојното проигрување, по кое Чакташ ја затресе мрежата на домаќините за 0-2.
Мирко Ивановски и во дебито на новиот тренер на Хајдук Сплит, Зоран Вулиќ, ја доби довербата и натпреварот го започна од првата минута, а во вториот дел и постигна погодок во сигурната победа на неговиот тим против Рудеш од 3-1.
Фудбалерите на Хајдук Сплит конечно одиграа одличен натпревар и во рамките на 7. коло во ХНЛ славеа убедлива победа од 3-1 против тимот на Рудеш. На клупата на Хајдук свое деби имаше и Зоран Вулиќ, а во стартната постава место доби и нашиот Мирко Ивановски.
Македонскиот напаѓач Самир Фазли успеа да се запише во листата на стрелците на натпреварот меѓу Рудеш и Локомотива Загреб, со што дојде до првиот гол во хрватската фудбалска елита.
Екипата на Славен Белупо на домашен терен со 2-0 (1-0) славеше над фенерџијата во ХНЛ-лигата, Рудеж, а македонската двојка Томе Китановски и Мирко Ивановски имаше одлична вечер во дресот на хрватскиот тим.
Македонскиот интернационалец Томе Китановски прерано го заврши натпреварот за неговата Истра, која во хрватскиот шампионат и покрај проблемите успеа со пресврт да го совлада Рудеж (2-1).
Македонскиот напаѓач Самир Фазли од денес ќе ја зголеми македонската колонија во Хрватска. Некогашниот младински репрезентативец се обврза на договор до крајот на сезоната со хрватскиот прволигаш, Рудеш.
Мирко Ивановски игра во голема форма и е еден од најдобрите напаѓачи во ХНЛ. Тоа го потврди и вечерва, кога повторно погоди во ремито на Славен Белупо пред свооте гледачи против Рудеш (2-2).