Екипата на Реал Сосиедад се избори за осмото финале во Купот на Кракоит, победувајќи и на втората полуфинална средба со Мирандес (0-1). Со вкупно 2-0, тимот од „Аноета“ се избори за првиот натпревар за трофеј од Купот по 32 години, а со оглед на тоа што добри му оди и во шампионатот, ова може да биде магична сезона за Реал Сосиедад. Избраниците на Иманол Алгуацил вечерва постигнаа само еден погодок и во остатокот од мечот рутински си ја завршија работата.