Второлигашот Кожуф ја пронајде замената за искусниот Ѓоре Јовановски, кој пред една седмица го напушти гевгелискиот клуб. 66-годишникот седна на клупата на гевгеличани пред три месеци, непосредно пред стартот на сезоната во Втората лига. Но, откако резултатите не одеа според планот, двете страни се договорија спогодбено да го раскинат договорот.