Ако денот се познава по утрото, круната во Русија нема да го менува сопственикот, а на „армејците“ не им се пишува добро. ЦСКА минатата сезона ја заврши како четвртопласирана, им побегнаа и квалификациите за Лигата на шампионите, па главната цел е поправање на впечатокот и враќање на врвот. Досегашните претстави не ветуваат, а двобојот со Краснодар во рамките на 5. коло би можел веќе во раната фаза на шампионатот да го одлучи понатамошниот тек на сезоната за московскиот клуб. Воедно и за „биковите“, бидејќи ривалите се речиси во ист „сос“.