Филип Гачевски е „спасителот“ на Енозис. Голманот кој направи трансфер од Вардар на Кипар брани во врвна форма и како еден од најдобрите чувари на мрежата во првенството го вивна својот тим нагоре во борбата за опстанок.
Македонскиот голман Филип Гачевски брани одлично за кипарски Енозис, а добрата форма ја препознаваат тамошните медиуми, кои му дадоа прекар на некогашниот вардарец.
Македонскиот голман Филип Гачевски продолжи да брани во одлична форма. По двата фатени пенали, сочува и победа за својот тим во самиот финиш кај Олимпија Никозија (0-1).
Поранешниот голман на Вардар и македонски интернационалец, Филип Гачевски константно пружа одлични партии во дресот на Енозис Паралимни. Денес чуварот на мрежата одново имаше круцијална улога во победата на својот тим од 1-0 над АЕЛ Лимасол на Дарко Здравковски.
Македонскиот интернационален голман, Филип Гачевски имаше нова одлична партија меѓу стативите на Енозис Паралимни и беше меѓу најзаслужните за победата над АЕК Ларнака од 1-2 (0-1). Неколкуте одбрани и присебноста во текот на целиот натпревар беа доволни за Гачевски да се издвои над конкуренцијата во овој триумф.
Македонската пресметка меѓу Иван Тричковски и Стефан Спировски од едната, како и Филип Гачевски од другата страна заврши со триумф на голманот и неговиот Паралимни, кои со пресврт ги освоија бодовите против АЕК Ларнака (2-1).
Некогашниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација, Чедомир Јаневски се раздели со кипарски Енозис и во следната сезона нема да го го води овој клуб.
Македонскиот стратег Чедомир Јаневски, со победа ја започна својата ера во кипарскиот шампионат, откако на неговото деби со Енозис Паралимни во Првата лига запиша победа на фаворизираната екипа на АЕК Ларнака.
Истакнатиот македонски стратег, кој своевремено беше и на чело на нашата селекција, Чедомир Јаневски, ѝ се врати на фудбалската клупа, откако застана на чело на кипарски Енозис Паралимни.
Иван Тричковски, македонскиот фудбалски репрезентативец одигра уште еден фантастичен меч во дресот на АЕК Ларнака, во лудиот натпревар во рамки од домашниот шампионат против Енозис, кој заврши со 4-4.
Десниот бек на ерменската репрезентација, и до пред неколку месеци на македонскиот прволигаш Вардар, Хофханес Хамбарџумјан, кариерата ќе ја продолжи во кипарскиот Еносис Неон Паралимни.