Џирона е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во шпанската Примера. Добрата серија на оваа екипа продолжи и на гостувањето кај Гранада, со победа од 2-4 (0-3), за одржување чекор со водечкиот двоец - Реал Мадрид и Барселона.
Рајо Ваљекано на фантастичен начин ја започна новата сезона во Примера. Тимот на нашиот Столе Димитриевски славеше со 0-2 (0-0) на гостувањето кај Гранада и има максимален учинок по првите две кола.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид имаа успешен старт на новата сезона во Примера. Гиганот од Мадрид со победа го затвори првото коло од шпанскиот шампионат, откако со сигурни 3-1 славеше на средбата со Гранада.
Екипата на Атлетико Мадрид ги разочара навивачите со реми без голови против Гранада (0-0) во рамките на 33. коло во Примера и така си ја загрози позицијата околу иднината во Лигата на шампионите.
Леванте ги задржа шансите за опстанок во Примера со гостинската победа кај Гранада (1-4) во 32. коло од тековната сезона. Енис Барди го проследи мечот од клупата за резерви.
Фудбалерите на Севиља конечно ѝ ставија крај на лошата серија во Примера, по која значително ги загубија шансите во трката за шампионската титула со гигантот Реал Мадрид. По трите врзани реми средби и поразот до Барселона во претходното коло, момците на Лопетеги во луд натпревар со шест гола славеа над Гранада со 4-2.
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано беа на прагот на важна победа во Примера, ама повторно не успеаја. На гостински терен тимот одигра реми со Гранада (2-2) и така десет меча нема победа во сите конкуренции.
Екипата на Виљареал со хет-трикот на Холанѓанецот Арно Данџума извојува убедлива победа над Гранада на гости со 1-4 во првиот саботен натпревар од 25. коло од Примера, и ја продолжи борбата за Лигата на шампионите.
Екипата на Реал Сосиедад на домашен терен беше подобра од Гранада (2-0) и ја продолжи серијата без пораз на домашен терен, додека на гостинот ја продолжи ужасната серија на гостински терен во Примера.
Реал Мадрид се намачи, но со минимални 1-0 ја победи Гранада и се одлепи во однос на Севиља на табелата во Примера. Ова е прекин на негативната серија, кога им донесе среќно реми со Елче и елиминација од Купот на Кралот против Атлетик Билбао.
Реал Мадрид вечерва ќе ја дочека Гранада во рамките на шпанската Примера. Предводникот на „кралевите“ l, Карло Анчелоти се соочи со проблеми во нападот, бидејќи против денешниот ривал нема да може да игра Карим Бензема, а потвреден е Мариано Диаз.
Фудбалерите на Хетафе запишаа три бода во пресметката од 21. коло на шпанската Примера против Гранада со 4-2 (1-1). Дуелот на „Алфонсо Перез“ беше вистинско гол-шоу кое тргна уште во првиот дел, но кулминираше во продолжението.
Екипата на Барселона го прифати системот на новиот стратег Чави, играше допадливо цел натпревар против Гранада, но мора да се задоволи само со бод (1-1) на незгодното гостување поради еден доцен гол.
Фудбалерите на Гранада ја продлабочија кризата на Атлетико Мадрид и му го нанесоа четвртиот пораз во низа во Примера. Клубот од Андалузија славеше на домашен терен со 2-1 (1-1), со пресврт прекрасни голови. Во последниот дуел за 2021 година, четата на Диего Пабло Симеоне испушти водство и неочекувано загуби во Гранада.
Фудбалерите на Кадиз не издржаа и испуштија победа против Гранада, па мораа да се задоволат со бод (1-1). Пресметката од 17. коло на шпанската Примера меѓу екипите кои се борат за опстанок понуди по еден гол во двете полувремиња, а позадоволни ќе бидат во таборот на Гранада.
Фудбалерите на Гранада конечно ги израдуваа своите фанови со победа во Примера, откако во воведниот дуел од 16. коло во шпанскиот шампионат, на свој терен со минимални 2-1 (1-0) го совладаа тимот на Алавес. Домаќините во овој меч влегоа по два врзани порази и едно реми и во вистински момент ги консолидираа своите редови и впишаа значајни бодови во битката за опстанок.
Петти натпревар во низа Атлетик Билбао не знае за победа во Примера. Тимот од Баскија во рамки од 15. коло одигра нерешено на домашен терен против Гранада (2-2).
Фудбалерите на Реал Мадрид без многу проблеми ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Гранaда и со убедливата победа од 1-4 се вратија на лидерската позиција на табелата во Примера, која до пред овој натпревар ја делеа Севиља и Реал Сосиедад.