Финалистот на Купот на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров се соочува со голем тест на подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Во необичен термин, утре (среда) во 11:30 часот по локално, а 9:30 часот по македонско време, „лавовите“ на Наџи Шенсои ќе се соочат со украинскиот гигант Шахтјор Доњецк.