Шахтјор не е најзвучното име меѓу останатите 16 учесници во Лига Европа, но никој не би требало да се изненади ако украинскиот шампион се најде на завршницата во второто најквалитетно клупско натпреварување на „стариот континент“. Неговиот ривал во осминафиналето, Волфсбург, има друга математика, но веруваме дека тимот од Доњецк ќе патува понатаму и за тоа тврдење имаме неколку аргументи.