Армијата на Пеп Гвардиола е незапирлива и се чини дека никој не може да ѝ застане на патот до седмата титула во англискиот шампионат. „Граѓаните“ го „обезглавија“ шампионот Ливерпул во натпревар во кој за класа беа подобар ривал, иако Алисон им подари два од четирите погодоци што ги постигнаа на „Енфилд“. На тој начин, го „прецртаа“ Ливерпул како потенцијална закана во борбата за трофејот, врзаа 14 победи во сите натпреварувања, израмнувајќи го рекордот по бројот на последователни триумфи во конкуренција на англиската елита. Така, се израмнија со Престон, кој имаше идентичен потфат уште во 1892 година, односно со Арсенал од 1987 година.