Аргентинскиот голман на Лариса Матиас Дегра се соочува со големи проблеми од својот газда, Алексис Кујас. Имено, на натпреварот со Ираклис ,Аргентинецот направи катастрофална грешка, по која неговиот тим не успеа да победи, а поради тоа беше и физички нападнат од Кујас. Но тоа не беше крај на невољите. Дегра е исфрлен од тимот поради што и самиот е шокиран и разочаран.