Во последните години најголемото ривалство во фудбалот е она меѓу Олимпијакос и ПАОК. Црвено-белите, додуша, се подобри на теренот, блиску се да ја освојат третата по ред, а вкупно 47-ма титула во историјата. Притоа, можат да ја заверат на најсладок можен начин, на „Тумба“, домот на ПАОК. Ако во среда од 18 часот гостите победат во Солун, ќе побегнат во однос на второпласираната екипа на +16.