По примерот на еден од најпопуларните и најтрофејните грчки клубови, атинскиот АЕК, може да се направи дисертација со наслов: „Како да се уништи големината за четири или пет години?“. Со исклучок на сезоната 2017/18 во која по дванаесетти пат станаа државни шампиони во југот на Балканскиот полуостров, „жолто-црните“ поминаа низ пеколна деценија што кулминираше со банкрот, испаѓање од елитата и премин во аматерски, четврти ранг. Рака на срце, благодарение на нафтениот магнат Димитрис Мелисанидис и неколку легенди на клубот, миленикот на повеќето потомци на малоазиските Грци релативно брзо се издигна од пепелта, но сепак не личи на тим кој некогаш под водство на Душко Бајевиќ бил страв и трепет во Грција.