Бока Јуниорс

  • Зарате го одложи преминот во Велез, останува уште шест месеци во Бока

    Мауро Зарате важи за фудбалер кој помина речиси половина свет во текот на својата играчка кариера.

  • Марадона е најголем, но не и најдобар на сите времиња!

    Вечната тема за најдобар фудбалер на сите времиња не е моја тема на оваа приказна, иако делумно ја покажува онаа другата помалку позната страна од кариерата на еден голем шампион, по многу нешта најголем на сите времиња. Но, во играта на зборови важно е како се интерпретираат термините. Затоа веднаш ќе ви го кажам мојот став. Диего Армандо Марадона секако дека е најголем фудбалер на сите времиња, но не може да биде најдобар. Ако не можете да ги разликувате двата термини, не ни мора да читате понатаму. Има одредени личности низ историјата, спортот и културата, социјалниот живот или политиката кои оставаат трага со своите потези, дела кои вредат повеќе од цела кариера, од сите клупски и репрезентативни успеси, од инвидуалните и лични признанија. За Марадона се опеани безброј сказни и залудно е пак да се пишува и зборува за успесите со Аргентина и Наполи, за карактерот, за неговото лидерство, голови, асистенции. Но, Марадона е најголем по целото движење кое го носи со себе. За да ја објаснам цела моја теза морам да ви го прикажам малку поблиску времето во кое се роди фудбалскиот гениј. Аргентина беше фудбалска сила, но не и велесила кога младиот ас на Аргентинос Јуниорс заигра за младата, па и за најдобрата репрезентација на „гаучосите“. По децении на креирање на тим, па често и губење на таленти кои низ Европа играа за други репрезентации, Аргентина мечтееше да изгради шампионска генерација или барем да најде човек кој ќе ги поттурне до една светска круна. Кога Марио Кемпес тоа го стори на домашен терен во 1978 година, паднаа безброј сомнежи околу таа светска круна. Знаете за и повеќе од сомнителните 6-0 против Перу и обвинувањата дека Аргентина на нечесен начин го освои светот. Со години тоа бреме тежеше врз Аргентинците, посебно ако се знае дека никаде ги немаше во педесеттите, шеесеттите и голем дел од седумдесеттите години од минатиот век. Но, кога дојде светската круна во Мексико 1986 година и посебно начинот на кој Аргентина како фаворит од втор ред ги победи сите ривали, нацијата се подигна на нозе. Ако светот за финале го смета дуелот со Германија, во Аргентина финале беше натпреварот против Англија. Заради војната за Фокландските острови, но и заради скандалот на Мундијалот во Англија 1966 година и спорните црвени картони со кои „гаучосите“ загубија од подоцнежните светски прваци. Затоа симултанката на Марадона против Англија сама по себе беше светска титула. Никој не го обвинува за голот за рака, па и сите глупости кои подоцна во кариерата ги направи му се простени. Како сопруг кој знае за сите неверства на сопругата, но секогаш ѝ простува. Така и Аргентина му простуваше и простуваше на Марадона по тој Мундијал во Мексико.

  • Крвави заби, солзи и очај – ѕвезда на Бока ја претепал девојката!

    Шокантно признание доаѓа од Аргентина, во кое девојка на фудбалер на Бока Јуниорс јавно се пожали на психичката и физичката тортура која ја доживува додека е заедно со него.

  • Дани Алвес им пркоси на годините, доаѓа во гигант за нови трофеи

    Бразилецот Дани Алвес не планира за скоро време да престане да игра фудбал. Еден од најтрофејните фудбалери во историјата играл за Севиља, Барселона, Јувентус и ПСЖ, а потоа се врати во родната земја, каде го засили Сао Паоло.

  • Гатузо: Бев пред потпис со Бока, но сопругата не ми дозволи

    Некогашниот светски првак со Италија и освојувач на Лигата на шампионите со Милан, Џенаро Гатузо откри дека можел да заигра за Бока Јуниорс во 2012 година, но неговата сопруга го блокирала трансферот.

  • „Фудбалер може да преживее без плата, но некои луѓе не...“

    Лошата ситуација предизвикана од коронавирусот ги тера фудбалери, како и многу други познати спортисти, да се откажат од своите примања, со цел да помогнат на оние на кои оваа криза најмногу влијае.

  • „Кавани во Бока не е само желба или сон, договор е реална опција“

    Откако беше најавено дека Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се борат за потписот на Единсон Кавани, претставници на тимот од „Ла Бомбоњера“ најавија дека ќе се обидат да го доведат Уругваецот. 

  • „Суперкласико“ дуел за Кавани, Уругваецот сака да игра во тандем со Тевез

    Само неколку месеци го делат Единсон Кавани од завршувањето на договорот со ПСЖ и веројатно изборот на нов клуб. Извесно е дека уругвајскиот напаѓач нема да остане во Париз, а сега уште поизвесно е дека ќе се збогува и од Европа. 33-годишниот поранешен напаѓач на Палермо и Наполи пред неколку дена замина во родниот град Салто, град кој се наоѓа на границата помеѓу Аргентина и Уругвај.

  • Ривер одби да игра, Бока со четири гола го порази Годој

    Во Аргентина сè уште се игра фудбал и покрај заканата за коронавирусот која се шири низ целиот свет.

  • Де Роси првата титула во кариерата ја освои во пензија

    Даниеле Де Роси важи за еден од најдобрите фудбалери во поновата историја на Италија, но легендата на Рома, ако во својата клупска кариера во редовите на римскиот гигант не освои ниту една титула од домашниот шампионат, тоа успеа да го стори откако замина во фудбалска пензија.

  • Тренерот на Бока настрада од славјето на фудбалерите среде прес-конференција

    Познавајќи ја пасијата на аргентинските фанови, титулата на Бока Јуниорс ќе се слави со денови, а колку што ќе се величаат Тевез и соиграчите, ќе се исмева големиот ривал Ривер Плата, кој на неочекуван начин ја загуби титулата.

  • Тевез откри зошто го бакна Марадона: Понекогаш сам треба да си ја побараш среќата

    Карлос Тевез во 73. минута постигна „златен“ гол за Бока Јуниорс, кој подоцна му донесе и шампионската титула на клубот од „Ла Бонбоњера“, но по натпреварот новинарите сакаа да дознаат нешто повеќе за неговиот бакнеж со тренерот на Гимназија Ла Плата, Диего Армандо Марадона.

  • Марадона по 12 години на „Ла Бонбоњера“, и како ривал пречекан како Бог!

    Дури и кога е тренер на противничката екипа, Диего Марадона на „Ла Бонбоњера“ е фудбалски бог. Пред да започне натпреварот Марадона, придружуван од Бриндизи и Пероти, се појави на центарот од игралиштето и доби неколку минутни овации. Легендата видно возбуден отпоздрави, ја бакна тревата и се стационира на клупата на Гимназија Ла Плата.

  • Две легенди на едно место – Тевез со бакнеж го „поздрави“ идолот Марадона

    По една сезона пауза, трофејот од аргентинскиот фудбалски шампионат повторно заврши во рацете на фудбалерите на Бока Јуниорс, откако во лудиот финиш на сезоната на „Ла Бомбоњера“ совладана беше екипата на Гимназија Ла Плата (1-0), додека лидерот Ривер Плата киксна на гости кај Атлетико Тукуман (1-1).

  • Ривер киксна во клучен меч, Тевез со „златен“ гол донесе титула за Бока Јуниорс

    Екипата на Бока Јуниорс по пауза од една сезона повторно е шампион на Аргентина. Во последното коло од аргентинскиот шампионат легендарниот клуб од Буенос Аирес до својата 28-та титула во клупската историја стигна откако славеше со минимални 1-0 на дуелот со Гимназија Ла Плата, но и поради киксот на Ривер Плата на гости кај Атлетико Тукуман (1-1).

  • ОФИЦИЈАЛНО: Мигел Анхел Русо се врати на клупата на Бока Јуниорс

    Култниот аргентински клуб, Бока Јуниорс одлучи да го смени тренерот и со нов предводник да влезе во 2020 година. Нов тренер на Бока е Мигел Анхел Русо, што е своевидно враќање на искусниот стручњак на „Бонбоњера“.

  • Јувентус не сака да го продаде Бентанкур поради клаузула во неговиот договор

    Добрата зделка со потписот на Родриго Бентанкур се претвори во вистински кошмар за екипата на Јувентус.

  • Тевез сѐ уште е гол мајстор – изведе атрактивни „ножички“

    Карлос Тевез и на 35 години покажа дека може да дава атрактивни голови. Легендарниот аргентински напаѓаш понесе водство за Бока Јуниорс на првенствениот натпревар против Арсенал за 1-0.

  • „Суперкласикото“ пак кобно, Бока Јуниорс ќе бара нов тренер

    Аргентинска Бока Јуниорс е во потрага на нов тренер, затоа што предводникот на тимот, Густаво Алфаро објави дека си заминува.

  • Јалова победа на Бока, Ривер ќе го брани трофејот од Копа Либертадорес

    Ривер Плата е на прагот да испише историја и пак да го освои трофејот од Копа Либертадорес. Екипата на Марсело Гаљардо се пласира во финалето, елиминирајќи го големиот ривал Бока Јунорс со вкупни 2-1 во полуфиналниот двомеч.

Pages