Ако имаше какви било сомнежи, по претходниот викенд тие беа практично решени. Поразот од Манчестер Сити на „Енфилд“ беше прескап за Ливерпул, по што ќе му биде уште потешко да го брани тронот. Дури му „виси“ позицијата меѓу четирите најдобри екипи во Англија, а тоа е приоритет над сите приоритети. „Црвените“ пред себе го имаат еден од најголемите конкуренти во таа борба, Лестер, кој има три бода повеќе и е во многу подобра форма пред нивниот меѓусебен дуел во рамките на 24. коло од Премиер лигата, закажан за в сабота на ручек.