Фудбалерите на Коњаспор одиграа херојски меч против Фенербахче, победувајќи минимално со 1-0 (1-0), во натпреварот од 26. коло на турската Суперлига. Иако гостинот имаше целосна контрола на играта, Бајиќ со ефектен гол пред полувремето донесе предност за својот тим. Во последните десет минути Коњаспор играше со два играчи помалку, но ги издржа налетите на бледите гости и ја славеше само втората победа во оваа година.