Селекторот Благоја Милевски поради проблемите со повредени фудбалери во средниот ред, се реши да му упати прв повик на Ваљон Етеми кој настапува во Истанбулспор. 24-годишникот кому примарна позиција му е десно крило, може да го покрие и офанзивниот дел од средниот ред. Бидејќи овој фудбалер е релативно непознат за македонската јавност, се наметнува прашањето за неговата приказна.