Еден од најдобрите напаѓачи во последната деценија, Колумбиецот Радамел Фалкао е нов фудбалер на Рајо Ваљекано. Ветеранот се враќа во Мадрид, каде што освои многу трофеи во дресот на Атлетико Мадрид, но сега се обрвза на договор на две години со малиот клуб од областа Ваљекас, во близина на главниот шпански град.