Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски имаше феноменално попладне во Турција и даде два гола за неговиот Кајзериспор кој води битка за опстанок во Суперлигата.
Фудбалерот на Денизлиспор, Озер Оздемир, направи имитација на „кунг-фу“ стартот на Најџел де Јонг во дуелот со Џаби Алонсо во финалето на Мундијалот пред 11 години.
Вардар низ годините ги „расфрла“ талентите низ другите клубови и тоа бесплатно, а еден од нив е Ветон Туша, 18-годишникот кој направи трансфер на Турција и кој одушеви уште на дебито, па се најде во фокусот на тамошните медиуми.
Подзаборавениот колумбијски напаѓач Хуго Родалега одново го привлече вниманието на спортската јавност во која при недостаток на натпревари, играчот на Денизлиспор се истакна со одличен погодок.
Пред три дена пристигна, одработи неколку тренинзи, ги запозна соиграчите и веднаш на дебито постигна гол. Адис Јаховиќ веќе е идол на навивачите на Анталијаспор. Македонскиот интернационалец постигна погодок за отворање на резултатот во победата на „белите“ во Денизли со 0-3.
Поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ стигна до бројката десет гола сезонава во дресот на Малатијаспор. Неговата екипа забележа лесна победа од 5-1 против Денизлиспор и граби кон врвот на табелата,
Шампионот на Турција и од минатата недела освојувач на Суперкупот, Галатасарај на тренерот Фатих Терим со неочекуван пораз ја започна одбраната на титулата. На гостувањето на Денизлиспор, „жолто-црвените“ скапо го платија исклучувањето на Маркао во последните минути од првиот дел и во продолжение загубија со 2-0.
Надалеку е познат турскиот фанатизам за фудбалот. Фановите на трибините знаат да ја направат најдобрата атмосфера некогаш видена во фудбалскиот свет, но знаат и да претераат и да заработат високи казни и забрани.