Минатата сабота заврши една од најнеизвесните сезони во турската Суперлига. Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ се бореа за титулата до последното коло, а целната трака ја пресече овој последниот - и тоа сосема заслужено, бидејќи поголемиот дел од шампионатот го помина на лидерската позиција, а сега има можност да стигне до „двојната круна“, трета од основањето на клубот, прва од 2009 година.