Екипата на Бешикташ успеа да ја обезбеди 16-та титула во Суперлигата на Турција, откако во последното коло ја исполни целта и победи кај Гезтепеспор со 1-2. Иако имаа ист број на бодови со Галатасарај, поради еден гол во меѓусебниот дуел повеќе на гостински терен го доби приматот и се искачи на тронот во Турција.