Нов поредок во турската елита. Минатата сезона доминираа Башакшехир и Трабзон, а моментално на врвот се Аланија и Фенербахче. Најпопуларниот турски клуб во минатото првенство не успеа да избори пласман во Европа, ова лето остана без најдобриот играч, Албанецот Ведат Мурич, кој го засили Лацио, но „сино-жолтите“ играат одлично и не се поразени по пет кола. Имаат три победи и две ремија.