Еден од најкритикуваните голмани во последните неколку години, Германецот Лорис Кариус еднострано го раскина договорот со Бешикташ, неколку месеци пред да заврши позајмицата од Ливерпул во Турција. Лорис сега ќе се врати на „Енфилд“, од каде беше позајмен по финалето во Лигата на шампионите во 2018 година против Реал Мадрид.