Руди Гарсија, тренерот на Олимпик Марсеј, очекувано не ја поддржа одлуката на својот искусен фудбалер, Патрис Евра, физички да се пресмета со навивачите, откако вербално беше навреден.
Поранешниот бек на Манчестер Јунајтед и Јувентус, на вчерашниот меч на Марсеј против Виторија Гимареш направи крајно неспортски потег, откако со нога нокаутира навивач, па заслужено доби исклучување. За овој потег на Французинот, тренерот Гарсија вели дека никој не смее така да реагира на навредите од страна на навивачите, а најмалку еден искусен играч како што е Евра.