Португалскиот фудбалски гигант Порто пред својата публика ќе брка изненадување во Лигата на шампионите и пласман меѓу осумте најдобри во Европа. По минималниот пораз во Милано во првата осминафинална пресметка со Интер (1-0), апетитите кај португалскиот тим се зголемија, а Серхио Консеисао вели дека мора да бидат паметни и трпеливи, доколку сакаат да стигнат до поволен резултат против фаворизираниот противник.