Екипата на Манчестер Јунајтед попладнево ја запиша деветатта победа во новата сезона на Премиер лигата, откако со минимални 1-0 славеше над новајлијата, Брајтон. „Галебите“ беа конкурентни на големиот фаворит во текот на сите 90. минути, но во 66. минута немаа среќа, откако искусниот Ешли Јанг со помош на блокот, го постигна единствениот гол на „Олд Трафорд“.