По четирите победи во низа, екипата на Тотенхем се „лизна“ во еден од најважните натпревари од финишот на сезоната во Премиер лигата. „Петлите“, предводени од Антонио Конте, имаа шанса да се зацврстат на четвртата позиција на табелата, но против Брајтон одиграа далеку под своето ниво и пред 60.000 гледачи на „Тотенхем Стадиум“ загубија со минимални 0-1.