Бранителот на трофејот од ФА Купот, Ливерпул на Јирген Клоп неочекувано е елиминиран од ФА Купот, откако попладнево загуби во Брајтон со 2-1 (1-1), со примен гол во судиското надополнување. Ова е уште еден силен удар за Клоп, бидејќи Ливерпул во ништо не наликува на тимот од минатата сезона.
Напаѓачот на Брајтон, Леандро Тросар е многу блиску до трансфер во Арсенал. Преговорите меѓу двата клуба се започнати и се очекува Белгиецот наскоро да го засили тимот од Лондон, кој оваа сезона игра во врвна форма и е лидер на табелата во Премиер лигата.
Екипата на Ливерпул продолжува да тоне и да ги разочарува своите фанови со резултатите во Премиер лигата. По поразот од Брентфорд во претходното коло, вечерва, момците на Јирген Клоп беа надиграни од уште еден тим кој важи за најпријатно изненадување на сезоната во англиската елита. Брајтон на Де Зерби ги искористи своите шанси на „Амекс Стадиум“ и заслужено извојува голема победа од 3-0 (0-0).
Последниот натпревар од Премиер лигата за 2022 година беше вистински спот за фудбалската игра. Арсенал извојува победа на гостувањето кај Брајјтон со 2-4 (0-2) и побегна на врвот на премиерлигашката табела за цели седум поени пред првакот Манчестер Сити.
Екипата на Астон Вила продолжи да победува под водство на Унаи Емери во Премиер лигата. Тимот како гостин славеше кај Брајтон (1-2) кој играше во одлична форма и се наоѓа во горниот дел на табелата во англиската елита.
Лондонските фудбалски гиганти, Арсенал и Тотенхем порано од предвиденото ги завршија своите настапи во Карабао Купот, а меѓу екипите кои што останаа без осминафинале е и Лидс Јунајтед.
Екипата на Брајтон приреди огромно изненадување во рамките на 14. коло и успеа на својот „Амекс“ да го шокира Челзи со 4-1 (3-0). Кам-бекот во поранешниот дом мина ужасно за Грем Потер, а од друга страна Роберто Де Зерби ја запиша првата премиерлигашка победа. Домашните уште во првиот дел дојдоа до три гола предност кои успеаја да ги одбранат до крајот.
По поразот во дербито на „Енфилд“ минатата недела, првакот на Англија, Манчестер Сити веднаш им се врати на победите. Во попладневниот дуел од 13. коло, совладан е Брајтон на „Итихад“ со 3-1 (2-0), со два нови гола на Ерлинг Халанд.
Фудбалерите на Брентфорд запишаа сигурна победа во првиот натпревар од единаесеттото коло во Премиер лигата. Пред разиграните „пчели“ падна тимот на Брајтон, кој беше совладан со 2-0 (1-0).
Екипата на Арсенал ја прекина победничката серија на Тотенхем во претходното коло, но „петлите“ од Лондон експресно се вратија на победничките патеки, откако во последниот денешен натпревар од десеттото коло во англиската елита со минимални 0-1 (0-1) го совладаа составот на Брајтон.
Јирген Клоп одби да каже дека Ливерпул е во криза, иако резултатите во новата сезона го покажуваат токму тоа. На последниот меч на домашен терен, „црвените“ одиграа 3-3 против Брајтон.
Брајтон во финишот стигна до сензација на „Енфилд“ и му откина бодови на Ливерпул (3-3). Гостите задодоа два брзи удари преку Трусар и најавија дека ќе му го загорчат животот на тимот на Јирген Клоп.
Неколку англиски медиуми пишуваат дека менаџерот на Брајтон, Грем Потер ја прифатил понудата на Челзи да биде замената на Томас Тухел. Наводно, останува само двата клуба да се договорат за обештетувањето.
Екипата на Лестер Сити, која што минатата сезона имаше одлична сезона и заврши во горниот дел од табелата во Премиер лигата, новата ја започна катастрофално.
Марко Силва, тренерот на Фулам, со одбрани зборови зборуваше за Александар Митровиќ, откако Србинот, со својот петти гол сезонава, беше најзаслужниот за триумфот на неговиот тим од 2-1 против Брајтон во петтото коло од Премиер лигата.
Екипата на Фулам на домашен терен го сопре најголемото изненадување оваа сезона во Премиер лигата. Брајтон по четири кола не знаеше за неуспех, но потклекна во Лондон (2-1) и така го почувствува првиот неуспех.
Манчестер Јунајтед загуби во дуелот од првото коло на Премиер лигата, на својот „Олд Трафорд“ од Брајтон (1-2). Ова ги налути фановите, кои се незадоволни од ситуацијата во клубот.