Прволигашот Струга Трим Љум се наоѓа пред уште еден голем трансфер. Откако пред неколку недели го доведе најдобриот македонски стрелец во историјата на ПМФЛ, Бесарт Ибраими, тимот на Срѓан Захариевски се наоѓа пред потпис со уште еден проверен напаѓач.
Македонскиот фудбалски прволигаш, Струга Трим Љум, го претстави своето второ засилување за следната сезона. Покрај езерото се сели Фатјон Јусуфи, поранешен фудбалер на Ренова, кој со амбициозниот прволигаш потпиша договор на две сезони.
Македонскиот фудбалски прволигаш, Струга Трим Љум, продолжува да го задржува најдоброто во својот ростер и нова соработка потпиша со капитенот Фљамур Таири.
Ангелче Тимовски се раздели со Шкендија и бара нова средина како слободен, а три екипи засега се заинтересирани за неговиот потпис, непосредно пред стартот на подготовките за новата сезона.
Македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Љум и официјално се раздели со двајца фудбалери. Клубот од покрај Охридското езеро го напуштаати грачот од средниот ред Немања Босанчиќ и офанзивецот Флоријан Кадриу.
Бесарт Ибраими ја засили Струга Трим Љум и досега ова е најдобриот трансфер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во летниот преоден рок. 35-годишниот кичевчанец се враќа во мак-фудбалот по странска епизода во Ксанти, а вели дека за стружани ветува голови и европски квалификации.
Пукна првата трансфер-бомба во летниот периоден рок во Првата македонска фудбалска лигата. Бесарт Ибраими и официјално е нов фудбалер на Струга Трим Љум.
Екипата на Струга Трим Љум ја продолжи „љубовта“ со актуелниот тренер Срѓан Захариевски кој ја доби довербата од управата и потпиша нов договор со тимот од градот крај езерото.
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги разгледа спорните моменти од 33. коло на Првата македонска фудбалска лига и донесе заклучоци според кои само една од одлуките во последната рунда е погрешна.