Првиот холандски клуб кој станал европски првак, Феенорд од Ротердам е нов шампион на Ередивизие и по 15. пат е крунисан како првак на Холандија. Славниот клуб од „Де Кујп“, воден од Џовани ван Бронкхост на клупата и ветеранот Дирк Кајт на теренот ја овои првата титула во новиот милениум, откако последен пат беше шампион на Холандија во сезоната 1998/99.