Миле Крстев остави голема трага во холандскиот фудбал и одигра цели десет сезони во една од најфудбалските земји во Европа. Најголема трага остави во Херенвен, каде беше од 1998 до 2002 година, а потоа настапуваше за Вендам и Гронинген. Сегашниот фудбалер на Металург беше изненаден од новинарите на клупската телевизија на Херенвен, кои го посетија во Скопје и направија репортажа за клупската интернет телевизија.