Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ројстон Дренте, паузираше од фудбалот скоро две години, но летово се врати на терените. Тој како голем талент во 2007 година, дојде во Реал, но не успеа до крај да покаже за што е способен. Потоа играше на позајмици и неговата кариера тргна низ брдо, па од 2016 година професионално повеќе не играше.