Лука Јовиќ, Никола Миленковиќ, Матија Настасиќ и Алекса Терзиќ со своите соиграчи и тренерот Виченцо Италијано ќе се обидат во Холандија да се пласираат во Конференциската лига. На патот им стои Твенте кого го совладаа со 2-1 во својот дом во првиот меч од бараж квалификациите, но сега на гостински терен треба да ја „верифицираат“ стекнатата предност. Доволно ќе им биде и реми, што значи многу, особено што тимот не е во најдобар моментум по ремито (0:0) со Емполи во Серија А.