Со денешната програма од осум натпревари и официјално започнува новата сезона на Лигата на шампионите на УЕФА. Времето на предвидувања, анализи, статистики, историјатa заврши – дојде моментот кога сите екипи ќе имаат шанса да покажат кој е кој на теренот и да го започнат походот кон престижниот трофеј.