Замислете си истата оваа фудбалска мапа да беше пред 20-30 години. Пред босмановото правило. Пред скоро цела Европа да стане една држава. Замислете уште да постоеше правилото на три странци во секоја екипа. Да се играше со истата страст сите три европски Купа, а не вака два, и тоа едниот преценет, а другиот потценет Куп, а третиот го нема.
Дури и да можеше да се имплементира правилото за трансфери од земјите на источниот блок, дури после 28 година. Така врвниот фудбал уште би бил романтичен, а не комерцијален како денес. Така не само европските Купови, туку и националните првенства би биле силни. И националните Купови, исто така.