Судир на гигантите, трет во историјата. Звучи малку неверојатно, но Ајакс и Ливерпул, освојувачи на 10 титули во Европа, во среда ќе ги вкрстат копјата по повеќе од половина век. Последен пат тоа се случи во Купот на европските шампиони 1966/67, пред 53 години, кога „копјаниците“ на крилата на Јохан Кројф беа подобри од „црвените“ во двомеч, а сега најтрофејниот холандски клуб – баш на Арената кое го носи името на легендарниот ас – ќе го дочекаат Ливерпул во рамки на премиерата во првото коло од групата Д во овогодишното издание од Лигата на шампионите.