Фудбалерите на Бенфика, иако беа во подредена улога, ја искористија единствената вистинска можност и го победија Ајакс со 0-1 (0-0) во реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Домаќинот на „Јохан Кројф Арена“ беше подобар, притискаше и креираше шанси, меѓутоа Португалците преку Дарвин Нуњез го добија двомечот откако во Лисабон одиграа нерешени 2-2.