23-годишниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Јаник Фереира Караско го имаше потегот на вечерта во победата над ПСВ Ајндховен (2-0). Иако не учествуваше со погодок, Караско имаше задача да ја пробива противничката одбрана, а тоа најдобро го почувствува десниот бек Сантијаго Ариас, кој плати со своето реноме.