Судирот на поранешните европски шампиони дефинитивно е дерби на последната фаза од квалификациите за најелитното натпреварување на Стариот континент. Навистина, помина многу време откако ривалите ги освоија споменатите титули (Бенфика во 1961 и 1962 година, а ПСВ во 1988 година и тоа против „орлите“), но овие клубови сè уште уживаат почит од љубителите на фудбалот. И двете екипи се во одлична форма, со тоа што холандскиот тим започна едно коло пред португалскиот, а одигра и меч од домашниот Суперкуп, во кој беше убедлив против бранителот на титулата Ајакс (4-0), па затоа на своја сметка ова сезона има собрано повеќе победи. Сепак, Бенфика од почетокот на годината претрпе само еден пораз на „Да Луж“ (2-1 од Жил Висенте во натпревар од првенството во април), па затоа ќе се осмелиме да ѝ дадеме мала предност.