Моќта на „Ајброкс“ ја почувствува и белгискиот вицешампион Унион Сен Жилоаз, кому ниту 2-0 од првиот меч не му беа доволни за пласман во плеј-офот од Лигата на шампионите. Сепак, ПСВ е за класа посилен тим од Белгијците, и е решен оваа сезона да игра во Лигата на шампионите, па останува да видиме како ќе се снајде тимот на Ајндховен во пеколот во Глазгов.