Стандард е на прагот од големо засилување на голот. Најнапред тимот од Лиеж беше заинтересиран за голманот на Партизан, Живко Живковиќ, па дури минатата есен го ставија на листата на желби и започнаа преговори за негов трансфер. Но, по укажаната шанса во нивниот тим да дојде Виктор Валдес, голманот на Манчестер Јунајтед, сите останати голмани меѓу кои и Живковиќ паднаа во втор план.