Фудбалерите на Хетафе успеаја да останат непоразени по пет последователни порази и тоа на гости кај Атлетико Мадрид (1-1). Средбата од 20. коло на шпанската Примера, која се одигра на „Ванда Метрополитано“, долго немаше погодоци, потоа домаќинот поведе, но не успеа да ја задржи предноста.