Првакот на Шпанија, Реал Мадрид, новата сезона ја почна со тешко издвојувана победа против новајлијата во елитата Алмерија со 1-2 (1-0). Со два гола во вториот дел, постигнати од номинално бековите, тимот на Анчелоти тргна кон одбраната на титулата. Враќањето по седум години во Примера за клубот од Андалузија донесе многу симпатии, но не и бодови.