Русија ја нападна Украина, а тоа влијаеше на сите сфери на животот, па и на спортот. Бројни спортисти ја критикуваат војната, Украинците се сплотени како никогаш досега, а има и такви кои сакаат да се борат.
Фудбалерите на Спортинг Хихон ги продолжуваат настапите во Купот на Кралот, откако на свој терен одиграа одличен натпревар против Виљареал и извојуваа победа од минимални 2-1, доволна за место меѓу 16-те најдобри во ова натпреварување.
Мирослав Џукиќ повеќе не е тренер на Спортинг Хихон. Српскиот стратег и клубот од Астурија имаа договор до крајот на сезоната, а по последното коло на Сегунда, беше потврдена разделбата на двете страни.
Екипата на Албасете остана во трката за директен пласман во Примера, следната сезона, откако на вчерашното дерби против Стортинг Хихон извојува победа од 2-0.
Валенија и Хетафе се првите четвртфиналисти на Купот на Кралот во фудбал. Марселињо Гарсија Торал ја сочува својата клупа, благодарение на победата од 3-0 (0-0) против Спортинг Хихон и со севкупни 4-1 „лилјаците“ се изборија за место меѓу осумте најдобри.
Единствениот второлигаш во осминафиналето на Купот на Кралот, Спортинг Хихон се наоѓа пред можност за сензација, бидејќи со предност од 2-1 ќе патува на „Местаља“ следната недела.
Второлигашот Спортинг Хихон е единствената преостаната екипа која не е дел од Примера во осминафиналето на Купот на Кралот. Барди е единствен наш репрезент, откако Столе Димитриевски и Рајо беа елиминирани од градскиот ривал Леганес.
Шпанија е завиена во црно, откако се обелодени дека фудбалската легенда Енрике Кастро, попознат како „Кини“, синоќа на 68-годишна возраст починал како последица на срцев удар.
На отворањето на 35. коло на Примера, фудбалерите на Виљареал на домашен терен славеа убедлива победа од 3-1 (1-0) против тимот на Спортинг Хихон. По денешната победа „жолтата подморница“ остана во игра за место во Лига Европа, додека тимот на Спортинг Хихон по поразот е се поблиску до Сегунда.
Во последниот натпревар од 31. коло на Примера, фудбалерите на Реал Сосиедад на „Аноета“ славеа победа од 3-1 (2-0) против Спортинг Хихон и ги задржаа своите шанси за пласман во Лига Европа.
Актуелниот освојувач на Лига Европс, Севиља ја продлабочи резултатската криза, откако денес одигра само реми (0-0) против далеку послабиот колектив на Спортинг Хихон.
Екипата на Валенсија одигра само 1-1 (0-0) на својата „Местаља“ против Спортинг Хихон, кој очајно се бори за опстанок во лигата. Гостите беа на прагот на голема победа, но Мунир ја спаси домашната екипа во завршницата од нов срамен пораз пред својата публика.
Барселона ја потврди одличната форма и со убедлива победа на „Камп Ноу“ против Спортинг Хихон од 6-1 (3-1) се искачи на врвот на Примера по 25 одиграни кола. Каталонците имаат два бода предност пред Реал Мадрид, кој има два натпревари повеќе.
Дури четири гола беа постигнати по првите 30 минути на „Камп Ноу“, а Барселона поведе со 3-1 против Спортинг Хихон. Меси отвори, Хуан Родригез си постигна автогол, за потоа Луис Суарез да постигне прекрасен погодок за висока предност на Каталонците.
На отворањето на денешниот ден од 23. коло од шпанската Примера, екипата на Атлетико Мадрид забележа значајна победа во трката за шампионската титула оваа сезона. На гости „јорганџиите“ со три гола на Гамeиро за само пет минути славеа над Спортинг Хихон со 4-1 (0-0).
Сменет е и осмиот тренер во шпанската Примера, откако вечерва Абелардо Фернандез си поднесе оставка на местото шеф на стручниот штаб на Спортинг Хихон.
Лидерот Реал Мадрид во натпревар од 13. коло на Примера, на својот „Сантијаго Бернабеу“ го пречека тимот на Спортинг Хихон и на крајот славеше тешка победа од 2-1 (2-1) . По денешната победа мадриѓани се одлепија на +7 од Барселона, која утре има тешко гостување во Баскија, кај тимот на Реал Сосиедад.