Фудбалерите на Атлетик Билбао запишаа победа на домашниот дуел против Леванте со 3-1 (0-0), во рамките на 27. коло на Примера. „Фенерџијата“ во Шпанија по три натпревари на кои запиша две победи и реми пак го почувствува вкусот на неуспехот. Иако гостинот одлично се држеше на „Сан Мамеш“, сепак во вториот дел се распадна играта и Атлетик убедливо победи.