Фудбалерите на Рајо Ваљекано славеа на доигрувањето од мечот со Албасете со минимални 1-0, во средбата од 20 коло на шпанската Сегунда, која стартуваше на 15 декември и беше прекината. Овој натпревар влегува во историјата на професионалниот фудбал како меч кој најдолго чекал за доигрување и минаа пет месеци и 26 дена од почетокот на натпреварот.