Екипата на Реал Мадрид со победа над Елче (4-0) во заостанатиот натпревар им се врати на победите во рамки на шпанска Примера. Четири дена по освојувањето на светската титула, која „кралевите“ ја претставија пред мадридската публика, настрада Елче, кој уште во првиот дел прими три гола и подоцна се откажа од можноста да му парира на фаворитот.